ЛЕ ПЕН РАСТУРИЛА ВО ПРЕКУОКЕАНСКИТЕ ТЕРИТОРИИ Макрон, сепак, има голема предност дома

За првите резултати од самата Франција, јавноста мора да почека до 20 часот, до кога трае гласањето, односно изборниот молк.

1,612

Изненадувачки се првите резултати од претседателските избори во Франција, кои доаѓаа од прекуморските француски територии. Таму кандидатката Марин Ле Пен освоила над 60 отсто од гласовите, додека Емануел Макрон не надминал 40 отсто. За првите резултати од самата Франција, јавноста мора да почека до 20 часот, до кога трае гласањето, односно изборниот молк.

Кои се прекуморски територии на Франција? Тоа се островите Свети Петар и Микелон, Гвајана, Гвадалупе, Мартиник и други. Макрон, сепак, ја задржал предноста кога се гледаат резултатите од гласањето во Латинска Америка. Актуелниот претседател освои 89 отсто од гласовите во Аргентина, 86 отсто во Бразил, 87 отсто во Чиле, 86 отсто во Канада (нема резултати од Ванкувер) и 92 отсто во САД (без Чикаго и Њу Орлеанс).






Белгискиот медиум Ла Либре објави излезни анкети од изборите во Франција кои за нив ги спроведоа четири француски агенции. Според нив, победник е Емануел Макрон, кој добил меѓу 55 и 58 отсто, додека Ле Пен освоила меѓу 42 и 45 отсто од гласовите.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Франција, до 17 часот излезноста во вториот круг од претседателските избори е 63,23 отсто. Излезноста е помала отколку во првиот круг, кој се одржа пред две недели, кога беше 65 отсто, пренесе АФП.

Поврзани содржини