Ле Мер: Можен и неопходен е договорот на ЕУ

Прашањето за овие преговори што се одвиваат во Брисел е дали Европа ќе биде меѓу големите сили во 21 век или не - предупреди Ле Мер.

253

Договорот на државите на ЕУ за планот за обнова „е можен и неопходен“, рече денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, во изјава по три дена преговори меѓу претставниците на Унијата, кои сè уште не донеле резултати.

– Прашањето за овие преговори што се одвиваат во Брисел е дали Европа ќе биде меѓу големите сили во 21 век или не – предупреди Ле Мер.






Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори и по полноќ во Брисел во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од ковид-19.

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Твитер, во шест часот изутринава, соопшти дека нова пленарна сесија е закажана за денеска во 16 часот.

Поврзани содржини