ЛЕЈДИ ГАГА „ЛЕБДЕШЕ“ ВО ВИОЛЕТОВ ФУСТАН Сите гледаа во неа на премиерата на филмот за Гучи (ВИДЕО)

Фамилијата Гучи во Италија има интересна историја полна предавства, декаденција, одмазди, прељуба и убиства и токму тоа го обработува филмот во кој Лејди Гага ја отелотвори Патриша Реџани. Неодамна на Твитер почнаа да се појавуваат нејзините први фотографии од филмот, а твитерџиите брзо ја забележаа сличноста меѓу Гага и легендарната Сека Саблиќ, па објавија и нејзини фотографии под хаштагот #houseofgucci.

776

Небесен, лебдечки и несекојдневен виолетов фустан со наметка носеше Лејди Гага синоќа на премиерата на филмот „Куќата на Гучи“ во Лондон, а сите очи беа вперени во нејзините мрежести халтери и високи чизми.

Секако, дизајнот на фустанот е од Гучи, а најновите парчиња веќе беа прикажани на ревијата на булеварот Холивуд во Лос Анџелес минатата недела.

 






Фамилијата Гучи во Италија има интересна историја полна предавства, декаденција, одмазди, прељуба и убиства и токму тоа го обработува филмот во кој Лејди Гага ја отелотвори Патриша Реџани. Неодамна на Твитер почнаа да се појавуваат нејзините први фотографии од филмот, а твитерџиите брзо ја забележаа сличноста меѓу Гага и легендарната Сека Саблиќ, па објавија и нејзини фотографии под хаштагот #houseofgucci.

Освен Лејди Гага, на премиерата дојдоа и другите глумци, протагонисти во филмот. Селма Хаек пристигна во златен фустан со кој имаше искомбинирано раскошно ланче и нараквица. Присутни беа и Џаред Лето, Адам Драјвер …

Поврзани содржини