ЛЕЈДИ ГАГА ГИ ОТКАЖА КОНЦЕРТИТЕ „Се борам со респираторна инфекција и мојата состојба се влоши…“

Популарната пејачка Лејди Гага беше принудена да ги откаже своите концерти поради сериозна респираторна инфекција.

189

Настапот на популарната пејачка Лејди Гага, во Бел Центарот во Монтреал требаше да биде трет по ред, но само неколку часа пред да излезе на сцената, таа ги информираше обожавателите преку социјалните мрежи дека концертот нема да се одржи.

– Многу ми е жал што морам да кажам дека не можам да настапам вечерва и дека морам да го откажам концертот. Се борам со респираторна инфекција веќе неколку дена и правам сè што можам за да се опоравам, но мојата состојба се влоши – напиша таа.






Пејачката додава и дека нејзиниот лекар конкретно ја советувал да не настапува:

– Мојот лекар инсистираше да не настапувам и искрено, не верувам дека би можела да ви дадам изведба каква што заслужувате.

Знам колку е разочарувачки ова и навистина ми е жал што ве разочарувам. Жал ми е за сите што планираа да дојдат и да ме поддржат. Концертите во Монтреал во изминатите неколку дена беа магични и многу емотивни. Скршена сум од сè и многу ми е жал – им напиша Лејди Гага на обожавателите.

Познатата пејачка моментално ја завршува својата турнеја „Mayhem Ball“, а последниот концерт е закажан за 13 април во Њујорк, во „Медисон Сквер Гарден“.

Поврзани содржини