ЛДП И ЗАЈКОВА ЈА ВОЗНЕМИРИЛЕ СОВЕТНИЧКАТА ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА Комисијата за заштита од дискриминација бара извинување од ЛДП, а ако нема – ќе покрене прекршочна постапка
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека Либерално-демократската партија и нејзината претседателка Моника Зајкова ја вознемириле битолската советничка Габриела Илиевска, со пост на Фејсбук под наслов „Народот си дојде по своето“.
Комисијата постапувала по жалба поднесена од Илиевска и утврдила дека во случајот постои „вознемирување врз основа на политичка припадност и други видови вознемирување“.
За ова се одговорни ЛДП и претседателката Зајкова. Комисијата за заштита од дискриминација усвоила и препорака ЛДП да ги отстрани спорните содржини од Фејсбук најдоцна во рок од 30 дена и да упати писмено извинување до Илиевска и до членови на Советот на општина Битола.
Ако дискриминаторот не постапи по оваа препорака, Комисијата ќе покрене прекршочна постапка.
Ова е Мислењето на комисијата потпишано од претседателот Исмаил Камбери: