ЛДП Е ГРАНАПЧЕ НА ГОРАН МИЛЕВСКИ Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија министерот дека партијата си ја користи за личен интерес
Од опозициската партија додаваат дека „Горан Милевски ја држи партијата во заложништво и за свој личен и семеен интерес ја поддржува криминалната коалиција СДСМ - ДУИ, заради која сме на 111 место на листата на Транспаренси и заради која за партизираност и неефективна администрација нè обвинува и Стејт Департментот“.
Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дури и членови на ЛДП преку медиумите обвинуваат дека Милевски откако е министер си ја вработил сопругата на Клиника, додека баџанакот го поставил за директор во Државна лотарија. Милевски има вработено свој братучед во Државната видео лотарија, а кумашинот во Идризово, додека кумашинката си ја вработил во министерството за локална самоуправа. Дали Милевски преку ЛДП ја поддржува мафијашката влада на СДСМ – ДУИ, за да си ги вработува роднините во администрација? Владата на СДСМ и ДУИ опстојува само затоа што Горан Милевски издејствувал министерско место за себе и вработување во државни институции на свои најблиски роднини“, се вели во партиското соопштение.
Од опозициската партија додаваат дека „Горан Милевски ја држи партијата во заложништво и за свој личен и семеен интерес ја поддржува криминалната коалиција СДСМ – ДУИ, заради која сме на 111 место на листата на Транспаренси и заради која за партизираност и неефективна администрација нè обвинува и Стејт Департментот“.
„Дали пратениците од ЛДП ќе смогнат сили и ќе му кажат не на Милевски и неговиот непотизам, заради кој владее мафијата на СДСМ и ДУИ“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.