ЛДК го кандидира Хоти за косовски премиер

Одлуката ја донело претседателството на Демократскиот сојуз на Косово.

204

Кандидат за нов косовски премиер од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ќе биде досегашниот премиер Авдулах Хоти, изјави денеска претседателот на партијата, Иса Мустафа.

Мустафа изјави дека тоа е одлука на претседателството на партија и додаде дека во ЛДК вооошто не се разгледувал профил на друг кандидат, пренесува Коха.






Изборите треба да се одржат на почетокот на следната година, и дотогаш Хоти ќе остане премиер.

Мустафа и посака среќа на изборите и на поранешната претседателка на партијата и актуелна в.д. претседателка на Косово, Вјоса Османи, која на изборите ќе излезе со своја листа.

Поврзани содржини