📽️ ЛАЖНО ВИДЕО СО ЏАМБАЗОВ СЕ ШИРИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Актерот жестоко реагираше на фалсификатот создаден со вештачка интелигенција
Е не сте нормални… Вие што го смисливте ова. Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе! Имате ли ум воопшто? Оти мозок немате, евидентно. И да, заборавив. Срам да ви е! И арам!, напиша актерот покрај видеото.
Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов стана жртва на злоупотреба на вештачка интелигенција, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој е прикажан во инвалидска количка и обвинет за напад врз претставници на фармацевтските компании.
Видеото, кое самиот актер го сподели на својот Инстаграм-профил, е компилација од фотографија на Џамбазов во инвалидска количка, лажна изјава создадена со помош на вештачка интелигенција, како и исечок од тепачка во Собранието. Во видеото, преку новинарка од телевизија Телма, се пренесува целата измислена приказна.
„Актерот Игор Џамбазов се најде во центарот на вниманието по скандал кој ја потресе целата земја. Тој со тупаници нападна група фармацевти, нарекувајќи ги ‘бандити во бели мантили’, откако тие го забранија третманот на доктор Илир Демири – средство кое, како што тврди, лично го спасило од инвалидска количка…“, се вели во лажно прикажаната вест.
Џамбазов реагираше остро и јавно го осуди лажното видео.
– Е не сте нормални… Вие што го смисливте ова. Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе! Имате ли ум воопшто? Оти мозок немате, евидентно. И да, заборавив. Срам да ви е! И арам! – напиша актерот покрај видеото.
Овој случај го отвора прашањето за опасностите од злоупотреба на вештачката интелигенција за ширење дезинформации и лажни вести, особено кога цел на напад стануваат јавни личности.
View this post on Instagram