ЛАЖНО СУМ ОБВИНЕТ ЗА НАПАД ВРЗ КОЛЕШКА Пратеникот Петрушевски објави видео

1,268

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Блаже Петрушевски денеска до медиумите испрати, како што наведе, ексклузивно видео од неговиот божемен „физички напад“ на колешка, за што, тврди, лажно е обвинет од СДСМ.

„Во позадина се слуша мојата реакција на навредите од колешката, додека премиерот ноншалантно си шета во салата.






Ова се фактите и ова е вистината, а својствено за СДС се обидоа да конструираат непостоечки физички напад, користејќи го имунитетот од говорница, за да ме омаловажат и дискредитираат, како би престанал да им ги кажувам криминалите. Но, го згрешиле човекот!

П.С. Го очекувам извинувањето за мизерната конструкција искажана на национален медиум“, побара пратеникот.

На 24 февруари пратеничките од собраниското мнозинството го осудија со заедничко соопштение, како што го нарекоа, обидот за физички напад на пратеникот Бране Петрушевски и навредите врз пратеничката Жаклина Лазаревска.

 

 

 

Поврзани содржини