ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ МОРА ДА СЕ ПОБИЈАТ Според папата ширењето невистини поврзани со ковид-19 е кршење на човековото право
Франциск го критикуваше ширењето на „инфодемијата“, за која рече дека е искривување на реалноста заснована на страв, фалсификувани или измислени вести и „наводни научни информации“.
Папата Франциск изјави денеска дека ширењето лажни вести и дезинформации за ковид-19 и вакцините, вклучително и католичките медиуми, е кршење на човековите права.
Ова е втор пат за помалку од еден месец папата да зборува на оваа тема. Пред три месеци тој ги осуди „неоснованите“ идеолошки дезинформации за вакцините, ги поддржа државните кампањи за имунизација и ја нарече здравствената заштита морална обврска.
Го критикуваше ширењето на инфодемијата
Папата го коментираше ова во обраќањето до членовите на „catholicfactchecking.com“, конзорциум на католички медиуми чии веб-страници имаат за цел да „разјаснат лажни вести и дезинформации“ за вакцините против ковид-19.
– Да се биде точно информиран, да се добие помош за разбирање на ситуацијата врз основа на научни податоци, а не на лажни вести, е човеково право – рече папата на групата.
– Прво мора да се обезбедат точни информации за оние кои се помалку опремени, најслабите и оние кои се најранливи – рече тој.
Франциск го критикуваше ширењето на „инфодемијата“, за која рече дека е искривување на реалноста заснована на страв, фалсификувани или измислени вести и „наводни научни информации“.
Лажните вести мора да се побијат
Оние кои веруваат во лажни вести не треба да се „гетоизираат“, туку да се обидат да ги придобијат до научната вистина.
– Лажните вести мора да се побијат, но поединците секогаш треба да се почитуваат бидејќи често веруваат во тоа без целосна свест и одговорност – рече папата.
Значајно е што папата се обрати на католичка медиумска група. Поради ширење на дезинформации за ковид-19, медиумските платформи како Фејсбук и Твитер затворија некои десничарски католички медиуми, блогови и веб-страници.
Многумина се преселија на други платформи.
Некои десничарски католички медиуми редовно им даваат простор на најжестоките критичари на Френциск, како што е Карло Марија Вигано, Италијанец кој се крие речиси три години откако објави критика за Франциск барајќи негова оставка.
Во писмото објавено овој месец, Вигано рече дека вирусот е произведен во лабораторија како дел од глобалниот заговор „да се избришат сите траги од нас како христијани“. Тој, исто така, негираше дека пандемијата постои и објасни дека тоа е дело на Сатаната.