ЛАЖНИ СМС ПОРАКИ ОД СЕЈФ СИТИ ИСПРАТЕНИ КАЈ ОХРИЃАНИ Полицијата предупредува да не се отвораат вакви пораки

Апелираме, граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на пари – велат од СВР Охрид.

194

Охридската полиција ги предупреди граѓаните дека биле испраќани лажни СМС за наводни сообраќајни прекршоци преку кои се бара сторителите да уплатат пари на одредена сметка.

– Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување од Безбеден град дека нивното возило било евидентирано за сообраќаен прекршок. Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса може да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја платат казната во рок од 8 дена дека ќе им биде намалена за 50 проценти – соопшти СВР Охрид.






Полицијата ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства.

– Апелираме, граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на пари – велат од СВР Охрид.

Поврзани содржини