ЛАЖНИ СЕ СИТЕ БОМБИ Заврши проверката во 49 училишта

31

Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово и е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се наведува во соопштението од МВР.






Пријави за закани за наводно поставени бомби кои пристигнале на електронските адреса денеска имаше во 17 основни училишта и во 22 средни училишта во Скопје, како и во осум основни училишта плус еден клон и  во едно средно училиште во Куманово.

Поврзани содржини