ЛАЖНИ СЕ И ДЕНЕШНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Полицијата соопшти дека училиштата се безбедни
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираше МВР.
Нема никаква бомба во ниту едно од деветте училишта кои добија известување по електронски пат дека во објектот е поставен експлозив.
Ова денеска го потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што информираат дека се направени сите потребни проверки и дека е утврдено оти станува збор за лажни пријави.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираше МВР.
(ОБНОВЕНО) СЕ ЕВАКУИРААТ 4 СРЕДНИ УЧИЛИШТА Нови дојави за бомби во Скопје