ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ Нема експлозиви ниту во училиштата, ниту во Меѓународниот аеродром Скопје

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави - посочуваат од МВР.

57

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните закани за експлозивни направи на Меѓународниот аеродром Скопје, во 10 скопски училишта и четири во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – посочуваат од МВР.






Минатата недела четири дена имаше дојави за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, како и во четири во Прилеп и во две училишта во Куманово. По спроведените проверки МВР утврди дека сите дојави биле лажни.

ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ПРОДОЛЖУВААТ Евакуација се врши во 10 училишта, сардисан е и аеродромот во Петровец

Поврзани содржини