ЛАЖНИ ПОЛИЦАЈЦИ ОГРАБИЛЕ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ Двајца Турци останале без пари во Гостивар
Турските државјани биле запрени од две лица на мостот на реката Вардар и им биле одземени парите.
Секторот за внатрешни работи-Тетово соопшти дека вчера две лица се претставиле како полициски службеници, а потоа извршиле разбојништво над две лица – државјани на Турција.
„Вчера (01-февруари) во 20:20 часот, лицата С.А.(23) и Б.Г.(29) од Р.Турција, со привремен престој во Гостивар пријавиле дека околу 05:30 часот во близина на мостот на реката Вардар во Гостивар биле сопрени од две лица со возило, кои лажно се претставиле како полициски службеници и им земале пари. Преземени се мерки за расчистување и документирање на случајот“, се вели во соопштението на МВР.