ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ОХРИД И ВО КРАТОВО Евакуирани биле ученици и работници во фабрика

Поради дојава за поставена експлозивна направа, според информации на МИА биле евакуирани учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките биле вратени на настава. 

311

Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес.






– Во координација со јавен обвинител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави – изјави Димоски.

Поради дојава за поставена експлозивна направа, според информации на МИА биле евакуирани учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките биле вратени на настава.

Во текот на денот од МВр соопштија:

„Денеска околу 10.00 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави“.

Денеска во околу 10.35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Поврзани содржини