ЛАЖНА САНДРА БУЛОК БАРА ПАРИ Актерката ги предупреди фановите, пријавила и во полиција

139

Холивудската ѕвезда Сандра Булок се обрати до јавноста и ги информираше своите фанови оти нејзиниот имиџ се искористува за да ги измами нејзините обожаватели на социјалните мрежи со лажни онлајн кампањи.

Таа ја предупредила полицијата да го реши овој проблем.

 






„Безбедноста на моето семејство, како и на невините луѓе кои се искористувани е моја грижа и ќе дојде време кога ќе коментирам повеќе за ова, но засега нашиот фокус е да им помогнеме на органите за спроведување на редот“, апелира 60-годипната актерка.

Булок информира дека не е активна на социјалните мрежи и дека не учествува во каква било форма на разговор на социјалните мрежи.

„Сите профили на кои се преправаат дека сум јас или некој поврзан со мене се лажни и се создадени за финансиска корист или за искористување на луѓето околу мене“, додава таа.

Истиот проблем го имаа и актерите Бред Пит и Џони Деп, а и Ким Кардашијан неодамна беше мета на измамници за време на пожарите во Лос Анџелес.

Поврзани содржини