ЛАЖНА КАПИТУЛАЦИЈА НА ЗЕЛЕНСКИ? Хакерите веќе му го прогласија крајот на украинскиот претседател
Прво решив да го вратам Донбас, не успеа. Беше само полошо. Многу полошо. Нема повеќе утре, барем за мене. А сега решив да се збогувам со вас. Ве советувам да го оставите своето оружје и да се вратите на вашите семејства, се наведува во лажната видео-порака од Зеленски
Хакери го нападнале сајтот Украина24 и во живо емитувале лажна изјава на Зеленски каде тој капитулира и прогласува пораз за Украина во војната, потврдија од Украина24 кои потоа ја повратиле контролата врз веб-страната. Во видеото Зеленски, наводно, ја повикал армијата да го остави оружјето.
Видетото беше споделено на мрежата Телеграм на каналот Сегодна и на РТ.
„Прво решив да го вратам Донбас, не успеа. Беше само полошо. Многу полошо. Нема повеќе утре, барем за мене. А сега решив да се збогувам со вас. Ве советувам да го оставите своето оружје и да се вратите на вашите семејства“, се наведува во пораката.
Од каде го нашле ова видео хакерите? Се работи ли за фотомонтажа?
Зеленски набргу потоа одговори на неговиот профил на Телеграм со автентична видео порака.
– Ние сме тука и се бориме за нашата Украина. Нема да предадеме никакво оружје – рече тој.