Лажна фотографија од Аркан ја крена Србија на нозе – турски твитерџии објавија дека Жељко војува во Ерменија (ФОТО)
Ваквата вест со преработена фотографија од Аркан била објавена на Твитер и веднаш предизвикала лавина од коментари на социјалните мрежи.
По лажната вест дека српскиот актер Милош Биковиќ се наоѓа на бојното поле во Ерменија, на Твитер се појавила и фотографија од Жељко Ражњатовиќ – Аркан, како платеник кој војува таму.
Ваквата вест со преработена фотографија од Аркан била објавена на Твитер и веднаш предизвикала лавина од коментари на социјалните мрежи.
Станува збор за лажна вест и монтажа, но за да биде претставено пореалистично, преработиле стара фотографија од Аркан. На фотографијата додале и „филтер за старост“ кој станал вирален меѓу младите од светот на сите социјални мрежи.
Турскиот сајт „derindusunce.org“ на својот профил на Твитер објавил лажна појава на Аркан во Ерменија, дури и се пишувало дека дошол по жените и децата на тамошните војници.
Сепак, како што тврди „Blic.rs“, станува збор за измама, а тоа го докажува и фактот што фотографијата била избришана само еден час по објавувањето.
Masta moze svasta! pic.twitter.com/YDFClOmXqX
— Apokaliptick (@Apokaliptick) October 5, 2020