ЛАЖНА Е ПРИЈАВАТА ЗА ПОСТАВЕНА БОМБА ВО УЧИЛИШТЕ Превентивно се евакуирани и други скопски училишта
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава, информираше МВР.
Полицијата утврдила дека е лажна денешната пријава дека е поставена експлозивна направа во едно скопско училиште, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР) преку соопштение.
„Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти“, се вели во полициското соопштение.
Инаку, дојавата за поставени бомби во средните училишта започна во средата кога до 8 скопски средни училишта пристинаа заканите, додека во текот на вчерашниот ден порака беше испратена во девет училишта.