ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО ШКОЛИТЕ Стасале закани уште во 3 други училишта
Дополнително било пријавено дека иста закана пристигнала на меил во уште три училишта на територија на Скопје и таму, исто така, се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, наведуваат од МВР.
Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Денеска (26.10.2022) околу 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје била упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Подоцна, дополнително е пријавено дека иста закана пристигнала на меил во уште три училишта на територија на Скопје и таму, исто така, се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, наведуваат од МВР.
И таму веднаш се упатени тимови за антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.