ЛАЖНА БОМБА ВО ПАЛАНКА Полицијата утврди дека станува збор за лажна пријава
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
Лажна е пријавата за закана со бомба во основното училиште во Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Министерството соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Крива Паланка дека на електронската адреса на училиштето била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
ПАНИКА ВО КРИВА ПАЛАНКА Дојава за бомба во основно училиште, полицијата е на терен