ЛАЖИ ДЕКА СИ ФУДБАЛЕР, ЌЕ ВЛЕЗЕШ ВО ИТАЛИЈА! Косовци шверцувале малолетници преку Драч

Доколку успеале да влезат во Италија децата веднаш требало да аплицираат за азил. Според италијанските закони малолетниците без придружба ги згрижува државата и им обезбедува образование.

467

Камуфлирани како фудбалска екипа група Косовци се обиделе да префрлат во Италија 16 малолетници, објавија албански медиуми.

– Во пристаништето Драч уапсени се десет лица на возраст од 21 до 54 години, косовски државјани, при обид за Италија илегално да пренесат 16 малолетници сите на возраст од 17 години. И тие се косовски државјани, чии родители на „менаџерите” им платиле од 3 до 4 илјади евра – соопшти албанската полиција.






Малолетниците биле претставени како фудбалери, додека уапсените како раководство, тренери и физиотерапевти на спортската екипа. Кај еден од организаторите откриени и запленети се околу 6 илјади евра.

Доколку успеале да влезат во Италија децата веднаш требало да аплицираат за азил. Според италијанските закони малолетниците без придружба ги згрижува државата и им обезбедува образование.

Во Италија се побројни се малолетниците без придружба од Албанија кои родителите ги носат во Италија, ги напуштаат и се враќаат назад во Албанија. Според последниот извештај на италијанското министерство за социјални прашања, само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.

Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја. Вкупниот број на малолетни имигранти од Албанија без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња.

Поврзани содржини