ЛАЖЕН ЗВУК ДОДАДЕН НА ВИДЕОТО СО ТАЛАТ ЏАФЕРИ ВО ФОРИНО Тоа што се слуша е навивачка песна од стадион
Утврдено е дека звукот на видеото е дополнително намонтиран, односно форензички е утврдено дека стаува збор за звук снимен за време на фудбалски натпревар на стадион.
По објавувањето на веста „ИЛИРИДА, ЧЕМЕРИЈА, КОСОВО! Погледнете како Талат Џафери беше пречекан во родното Форино“ утврдено е дека звукот на видеото е дополнително намонтиран, односно форензички е утврдено дека стаува збор за звук снимен за време на фудбалски натпревар на стадион.
Плусинфо ја повлекува веста и им се извинува на читателите поради направената грешка.
Инаку, како што можеше да се види на монтираното видео објавено на социјалната мрежа Тик-ток, жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата додека конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.
Некогашниот командант Форина во ова гостиварско село беше дочекан и со огномети, а исто така може да се погледне како Џефери се поздравува со поблиските соселани и пријатели, и им отпоздравува на насобраните.