ЛАЖЕН ЛЕКАР ИЗМАМИ БИТОЛЧАНЕЦ Дал 10.000 евра за итна операција на внуката

Внимание на телефонски измами, стари лица најчесто цел на вакви трикови.

107

83-годишен битолчанец вчера бил жртва на измама од 10.000 евра. Тој пријавил дека му се јавило лице кое се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки повреди, а за итна операција било потребно веднаш да се плати.

Според пријавата, човекот ги предал парите на лице што дошло пред неговата врата. Подоцна, кога се слушнал со својот син, сфатил дека бил измамен.






Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

Поврзани содржини