ЛАЖЕН ДИПЛОМАТ ФАТЕН НА ГРАНИЦА Само „голфот“ не му бил фалц
Скопјанец (59) се претставил како дипломат на Граничен премин Табановце и приложил лажна дипломатска патна исправа, по што доби кривична пријава за фалсификување и лажно претставување.
59 годинишен скопјанец доби кривична пријава поради фалсификување дипломатска исправа и лажно претставување на Граничениот премин Табановце.
Како што информираат од полицискиот билтен, Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.С. од Скопје, откако постојат основи за сомнение дека сторил кривични дела „фалсификување исправа“ и „лажно претставување“.
Инцидентот се случил на 25 јули 2025 година, на влезот во државата, кога пријавениот управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа.
Случајот е документиран од страна на граничните службеници, а по целосно разгледување на доказите, С.С. се соочува со официјална кривична пријава и натамошни правни постапки.
Овој случај ја истакнува сериозноста на законите за граничен надзор и ја нагласува опасноста од лажно претставување, особено кога се користат документи со висок легален и дипломатски статус.