Лажела и дека е докторка родилката која криела дека свекорот е заразен со корона
При приемот на Клиниката за гинекологија, таа изјавила дека е невработена докторка.
Сепак не била докторка родилката која криела дека нејзиниот свекор е заразен со корона вирусот , а којашто била примена прво на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како што објави Плусинфо,. Откако се дознало дека нејзиниот свекор е заболен од ковид-19, таа била итно префрлена во изолација. Но потоа самоиницијативно, таа си заминала од Клиника во приватна болница каде била породена со царски рез. И таму не кажала дека свекорот е заразен со вирусот, но во болницата и таа развила симптоми на инфекција со ковид-19, по што била однесена на Инфективната клиника во Скопје.
При приемот на Клиниката за гинекологија, таа изјавила дека е невработена докторка.
На прашањето на Плусинфо што ќе биде преземено спрема оваа докторка поради загрозување на здравјето на други лица во услови на епидемија, дали ќе заседава етичката комисија, во Лекарската комора на Македонија, каде попладнево го проверувале регистерот каде се наведени сите доктори, ни изјавија дека оваа пациентка не е докторка.