ЛАЖЕЛ ДЕКА Е КИДНАПИРАН, ИСПРАТИЛ СМС Жител на Рача заработи кривична пријава
Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување, информира СВР Охрид.
Жител на Рача ќе заработи кривична пријава за лажно пријавување на киднапирање, информира охридската полиција. Според полициското соопштение, неговиот брат вчера во охридската полиција пријавил оти добил порака во која наводни киднапери бараат откуп за најблискиот роднина, кого полицијата подоцна го пронашла жив и здрав.
„Вчера во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охридската населба Рача“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои му барале пари за негово ослободување, информира СВР Охрид.