ЛАЖЕЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАРАЗИ СИТЕ СО КОРОНА, ГО ЗАТВОРИЛЕ Американец осуден на 15 месеци затвор

Обидот да се исплашат луѓето со закана од ширење опасни болести не е шега, пишува американската обвинителка Ешли Си Хоф, во изјавата од Канцеларијата на обвинителството на Соединетите држави.Оваа канцеларија сериозно ги сфаќа заканите дека ќе и наштети на заедницата и ќе ги гони во целост според законот.

278

Маж од Тексас на Фејсбук лажел дека потплатил свој пријател позитивен на корона да ги лиже продуктите и предметите во супермаркетите во местото Сан Антонио, за да ги спречи луѓето да ги користат овие продавници, пишува ИФЛ Наука. На Кристофер Чарлс Перез му биле дадени 15 месеци затвор за ширење паника и измама.

„Секој кој ќе се заканува и ќе го користи ковид-19 како оружје против други ќе биде повикан на одговорност за своите постапки, дури и ако заканата била лажна,“, се вели во полициското соопштение на агентот Кристофер Комбс од ФБИ од Сан Антонио.






„Дејствата на Перез беа свесно дизајнирани да шират страв и паника, а денешното изрекување казна ја илустрира сериозноста на ова злосторство“.

Покрај затворот, на Перез му е одредена казна од 1.000 долари за измама.

„Обидот да се исплашат луѓето со закана од ширење опасни болести не е шега“, пишува американската обвинителка Ешли Си Хоф, во изјавата од Канцеларијата на обвинителството на Соединетите држави.„Оваа канцеларија сериозно ги сфаќа заканите дека ќе и наштети на заедницата и ќе ги гони во целост според законот“.

Перез не е првиот да предизвика ваков инцидент во САД. Во раните денови на пандемијата, еден човек во Мисури беше обвинет за закана од тероризам, откако се сними како лиже неколку предмети во супермаркетот Волмарт и јавно го објави видеото под наслов „Јас сум гаден неранимајко“.

Тој тогаш беше обвинет за извршување терористичка закана во втор степен од Обвинителството за обвинителство во округот Ворен.

Поврзани содржини