ЛАЖЕА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА, ИРАК, ЛИБИЈА, СИРИЈА Кинезите ги обвинија САД дека се најголема закана за мирот
САД не лажеа во 1999 година за Југославија, во 2003 година за Ирак, во 2011 година за Либија, во 2018 година за Сирија, напиша портпаролот на кинеското МНР и објави фотографии од трагедиите во четирите земји.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан ги обвини Соединетите Држави дека постојано лажат, пишува Б92.
„Тие лажат. Соединетите Американски Држави се империја на лаги“, напиша дипломатот на Твитер.
They lied.
The US is an empire of lies. pic.twitter.com/O49l9hPfko— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) July 14, 2022
Во прилог објави фотографија за потсетување на трагедијата на четирите земји.
„САД не лажеа во 1999 година за Југославија, во 2003 година за Ирак, во 2011 година за Либија, во 2018 година за Сирија“, се наведува во описот.
Претходно, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, изјави дека САД се највоинствената земја во светската историја и најголемата закана за мирот и развојот на планетата.