Лазаров нов селектор на македонската ракометна репрезентација

Лазаров на селекторското место го наследува Данило Брестовац кој доби отказ по неодамнешното Светско првенство во Египет.

569

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на националниот тим, објави денеска Ракометната федерација на Македонија.

Како што е соопштено, Управниот Одбор на РФМ вчерашната седница едногласно го усвои предлогот за назначување на Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.






За неговиот избор на прес-конференција  одржана онлајн, информира  претседателот на Ракометната Федерација Живко Мукаетов.

Кирил Лазаров кој присуствуваше на прес-конференцијата  се заблагодари на доверената подршка од страна на РФМ и ги информира новинарите дека во нарендиот период ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб.

Лазаров на селекторското место го наследува Данило Брестовац кој доби отказ по неодамнешното Светско првенство во Египет.

Поврзани содржини