ЛАЗАРОВ ГО ОДРЕДИ СОСТАВОТ ЗА МЕЧОТ СО ЕСТОНИЈА Македонија мора да победи!

Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров го одреди составот за дуелот кој почнува од 18 часот, а на кој потребна ни е задолжителна победа доколку сакаме пласман на завршницата на континенталното натпреварување.

89

Македонската ракометна репрезентација денеска ѝ гостува на Естонија во претпоследниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2026 година.

Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров го одреди составот за дуелот кој почнува од 18 часот, а на кој потребна ни е задолжителна победа доколку сакаме пласман на завршницата на континенталното натпреварување.






На првиот натпревар во Скопје нашите ракометари остварија тешка победа со 37:33. Во групата Словенија е прва со 10 бодови, Литванија има 6, Македонија 2, а Естонија е последна без бод.

Во последното коло, Македонија во недела во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува репрезентацијата на Литванија.

Поврзани содржини