ЛАЗАРОВ ГИ ОДБРА РАКОМЕТАРИТЕ ЗА ЕП ВО ГЕРМАНИЈА 19 репрезентативци на скратениот список, 8 чекаат во резерва
Собирот на репрезентацијата е закажан за 20 декември, а Европското првенство во Германија, стартува на 10 јануари.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 20 декември со почеток во 17:00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Македонија на претстојниот континентален собир (10-28 јануари) е во група со домаќинот Германија, како и со Франција и Швајцарија. Првиот натпревар против селекцијата на Франција, Македонија ќе го игра на стадион во Дизелдорф, додека останатите две пресметки од групната фаза ќе се играат во Берлин.