Лавров: Русија подготвена на взаемно признавање на вакцините со ЕУ

Европската агенција за лекови не одобри употреба на вакцината „Спутник V“ во земјите од Европската унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против коронавирусот.

459

Русија е отворена за предлогот на Европската унија за меѓусебно признавање на вакцините против ковид-19 и сертификатите за имунизација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Неодамна Европската комисија предложи: „Ајде да разговараме со Русија за взаемно признавање на вакцините и сертификатите. Ние сме отворени за тој дијалог“, истакна Лавров на семинар за руската надворешна политика.






Европската агенција за лекови не одобри употреба на вакцината „Спутник V“ во земјите од Европската унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против коронавирусот.

Поврзани содржини