ЛАВРОВ ПОБЕСНЕ НА САМИТОТ Агресори, окупатори, освојувачи, сѐ се изнаслушавме!

Агресори, окупатори, освојувачи…многу такви нешта се изнаслушавме денеска, бесно изјави Лавров обвинувајќи ги колегите од земјите на самитот Г20 дека прават „налудничави критики кон Руската Федерација поврзани со Украина“.

1,047

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро ги критикуваше изјавите на неговите колеги од Запад на Самитот Г20 во Индонезија, обвинувајќи ги дека „ја оттргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија“ нарекувајќи ги Русите „агресори, окупатори и освојувачи”.

– Во текот на дискусијата западните партнери ја избегнуваа задачата на групата Г20, а тоа е глобалната економија. Разговорот отстапи од темата кога западните дипломати почнаа со налудничави критики кон Руската Федерација поврзани со ситуацијата во Украина – рече Лавров.






– Агресори, окупатори, освојувачи…многу такви нешта се изнаслушавме денеска – изјави Лавров.

Министрите за надворешни работи на земјите од Г20 на самитот во Индонезија одлучија да го игнорираат Лавров. Прво дипломатите одбија да се фотографираат со него, а потоа министрите на земјите од Г7 ја пропуштија официјалната вечера на која требаше да се појави Лавров, пишува Шпигел.

„Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров штотуку пристигна на состанокот на Г20 на Бали, опкружен со големо медиумско внимание. Но, тој треба да замине пред ручек, изјави неговата портпаролка Марија Захарова за германската агенција ДПА“, пренесува германскиот весник.

Во обид да ја ублажи ситуацијата и да објасни сé на свој начин, Захарова рече дека Лавров сé уште „води билатерални разговори“, поради што не присуствува на официјалниот оброк и на попладневната седница, а потоа ќе се обрати пред новинарите и остави“, пренесува Данас.

Тој го избегна и говорот на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок. Бербок, како вршител на должноста претседател на групата Г7 на водечките демократски економски сили, требаше да биде следната говорничка по Лавров. Според нив, Русинот седел во салата меѓу претставниците на Саудиска Арабија и Мексико.

Присуството на Лавров на состанокот на Г20 се сметаше и како тест за можното учество на шефот на Кремљ Владимир Путин на самитот на Г20 закажан за 15 и 16-ти ноември исто така во Бали.

Поврзани содржини