ЛАВРОВ И РУБИО ВОСПОСТАВИЈА РЕДОВНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА Ќе ја подготвуваат средбата помеѓу Путин и Трамп
Двете страни ја изразија својата заедничка желба за интеракција за итни меѓународни прашања, вклучувајќи го и решавањето на ситуацијата во Украина, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, јавија руските медиуми.
Според руските медиуми, разговорот бил на иницијатива на Вашингтон.
Лавров и Рубио се договориле да одржуваат редовни контакти, вклучително и да подготват средба меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.
„Двете страни ја изразија својата заедничка желба за интеракција за итни меѓународни прашања, вклучувајќи го и решавањето на ситуацијата во Украина, ситуацијата во Палестина и на Блискиот Исток во целина, како и во други регионални области“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Трамп и Путин разговараа по телефон повеќе од еден час во средата.