Лавица: Владата во услови на криза троши 1,1 милион евра за нови учебници за странски јазици, наместо да ги користи ланските

Партијата забележува и на нетранспарентноста на буџетот на Министерството за образование последните две години.

683

Партијата Левица смета дека Владата непотребно ќе потроши над 1,1 милион евра  за набавка на учебници по странски јазик во одновоното образование  за сите одделенија оддеднаш. Лавица предлага наместо Владата да троши непотребно пари во услови на коронакриза да ги искористи ланските учебници.

Од партијата велат дека на само шест работни дена од одложениот почеток на учебната година, наставниците и учениците не знаат по кои нови странски учебници ќе учат учениците од целото основно образование бидејќи тендерот за нивна набавка е распишан за сите осум одделенија.






– За нив како народна партија, исто така е важно зошто во услови на светска криза и нашата презадолжена економија – ќе се одвојуваат буџетски средства за откуп на нови учебници за странски јазици за сите одделенија наеднаш – наместо да се користат ланските учебници кои во голем број ќе се ротираат помеѓу учениците во стандардна практика – и на тој начин ќе се заштедеа огромни буџетски средства? Во Македонија во просек има по околу 20 илјади ученици во секое од одделенијата на основното образование. Ако се земе дека еден учебник ќе чини во просек 7 евра, односно набавка на учебник за странски јазик за едно одделение за сите училишта ќе чини 140 илјади евра, за сите одделенија ќе се излеат оваа година околу 1,1 милион евра за набавка на учебници, од ресорното Министерство – велат од Левица.

Партијата забележува и на нетранспарентноста на буџетот на Министерството за образование последните две години.

– Деталниот буџет на Министерството за образование и наука не е достапен на официјалната страна. Последниот буџет кој што е достапен е оној од 2018 година, додека за 2019 и 2020 година не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите од буџетот на МОН.Се поставува прашањето дали повторно ќе биде виновна таканаречената стратегија како што министерката Царовска потенцира или ќе се лоцира одговорноста во претходните корумпирани структури од Министерството кое е дел од старо-новата владејачка коалиција –  велат од Левица.

Поврзани содржини