ЛАВАТА НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРАВИ ПУСТОШ Голтна базен на луксузна куќа ВИДЕО

Вулканот започнал да еруптира во средата, откако Ла Палма, островот во архипелагот Канари кој се наоѓа најсеверозападно, беше потресен од илјадници земјотреси во претходните денови.

755

Вулканот што еруптира на Канарските Острови ги принуди властите да евакуираат дел од општината Ел Пасо на островот Ла Палма.

– Луѓето од областа Таканда Алто биле евакуирани синоќа и утрово откако лавата почна да еруптира од друга пукнатина во вулканот Камбре Виеја – изјави градоначалникот на Ел Пасо, Серхио Родригез.






Досега, околу 6.000 од 80.000 жители на островот биле принудени да ги напуштат своите домови за да избегаат од ерупцијата. На Твитер е објавено видео на кое се гледа како лавата голта се` пред себе, вклучително и базен во двор.

Вулканот започнал да еруптира во средата, откако Ла Палма, островот во архипелагот Канари кој се наоѓа најсеверозападно, беше потресен од илјадници земјотреси во претходните денови.

Ова предизвика лавата да биде исфрлена стотици метри во воздух, што ги зафати шумите и исфрли растопени карпи кон океанот над ретко населената област на островот Ла Палма. Засега нема информации за жртви или повредени.

Поврзани содржини