📽 ЛАВАТА ГОЛТА ГРАД НА ИСЛАНД Драматична ситуација по изненадната ерупција на вулканот

Се отвори нова пукнатина во близина на помалиот град Гриндавик, должината на пукнатината е најмалку 150 метри, а лавата тече кон населбата и ги зафати првите куќи.

2,454

Драматична е ситуација по ерупцијата на вулканот на Исланд. Се отвори нова пукнатина во близина на помалиот град Гриндавик. Должината на пукнатината е најмалку 150 метри. Лавата тече кон населбата и ги зафати првите куќи. Горат најмалку две куќи, јавуваат исландските медиуми.

Вработените во службите за итна помош испратија порака до луѓето да не пристапуваат кон Гриндавик. Градот е блокиран и има бројни итни служби и спасувачки екипи.






Новата вулканска ерупција се случи денеска во Исланд. Градот Гриндавик претходно беше евакуиран и никој не е во опасност, соопштија исландските власти.

Ерупцијата започна рано наутро во локално време. Неколку часа пред тоа, беше наредена евакуација. Овој град беше евакуиран по втор пат од ноември минатата година.

Властите во последните недели изградија бариери од земјата и карпите за да се обидат да ја спречат лавата да стигне до Гриндавик, кој е на околу 40 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.

Ова е втора вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес на југозападниот дел на Исланд за помалку од еден месец и петтата ерупција од 2021 година.

Поврзани содржини