Актерот Вилијам Леви е добро познат како заводник на женските срца. Тој беше „тивко страдање“ на многу гледачки на мексиканските теленовели, но во неговото срце имаше место само за една – Елизабет Гутјерез, со која се ожени во 2003 година, а двајцата имаат две деца – шестгодишната ќерка Кејли Александра и десетгодишниот син Кристофер Александар..
Меѓутоа, Леви во бракот бил неверен, а за тоа е свесна и неговата сопруга која неодамна за мексиканските медиуми откри дека на нивната љубов ѝ дошол крајот.
Латино-американскиот актер Вилијам Леви ја изневерил својата сопруга Елизабет со 80 жени!
Откако беше откриено ова, дојде до крај на нивниот брак.
Елизабет и Вилијам се заедно од 2003 година. Леви во мај 2011 објави дека се разделуваат, но тие успеаја да ја обноват својата врска.
Во медиумите се појавија разни обвинувања, а нови проблеми се појавија откако тој беше обвинет дека намамил малолетничка во хотелска соба и присилување на интимен однос.
Подоцна обвинението беше отфрлено, но Вилијам никогаш не демантираше дека спиел со неа, туку изјави дека го излажала колку години има.
View this post on Instagram
Hanging out with my #crew @gutierrezelizabeth_ @christopherlevy @kaileylevy19