LATE NIGHT SHOPING ВО DIAMOND MALL Попусти до 70 проценти и два дена журка до доцна навечер
Трговскиот центар Diamond Mall се базира на уникатен концепт кој обединува богата понуда на привлечни брендови, можности за уникатно гастрономско искуство во Gourmet Avenue, како и првиот и најголем центар за забава и едукација Dream Zone, наменет за деца од сите возрасти.
Шопинг и забава во доцните вечерни часови на 19 и 20 јули во Diamond Mall. Посетителите ќе можат да ги искористат атрактивните попусти, кои се движат и до 70 проценти, како и да уживаат во специјалната понуда на храна и пијалаци во рестораните и кафулињата во Gourmet Avenue.
„За време на дводневниот Late Night Shopping продавниците ќе работат до 23 часот, а во петок, на 19 јули, има и дополнителна причина за посета. Тоа е настапот на бендот Поп Арт во Gourmet Avenue, кој ќе започне во 21 часот.
На ваков начин Diamond Mall им овозможува на посетителите да уживаат во несекојдневни искуства и им нуди одлично шопинг доживување, со ексклузивни попусти и понуда, како и со можност да се забавуваат со музика и уникатна храна во Gourmet Avenue“, информираат од компанијата.