ЛАТАС ЖЕСТОКО ЈА НАПАДНА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА, ТАА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ Зела ли бонуси од СЈО, соработувала ли со Палчо, била ли во ВМРО?

Како што наведува обвинителката Ристовска, бара извинување од Драган Павловиќ Латас, поради тоа што постапката за избор на кандидатите за судија во Европскиот суд за човекови права е во сензитивна фаза. Латас ѝ возвврати со сериозни обвинувања.

4,158

Обвинителката Ленче Ристовска побара јавно извинување од новинарот Драган Павловиќ Латас, за, како што вели, клеветнички изјави во врска со нејзината апликациија за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права.

– Денес упатив барање за јавно извинување до Драган Павловиќ Латас, за клевети искажани во емисијата „Само вистина“, емитувана на Канал 5, на 16.05.2025 година, во која лажно тврди дека неовластено сум зела износ од 100.000 евра според Агенција за борба против корупција и дека немам ни стаж. Имајќи предвид дека ДКСК за мене никогаш немала поведено било каква постапка поврзана со примањата кои ги имам остварувано како обвинител во СЈО, како и дека сум дел од правосудниот систем од 2009 година, барав јавно извинување за ваквите клевети“, напиша Ристовска на Фејсбук.






Новинарот Драган Павловиќ-Латас ѝ возврати со одговор.

– Ленче Ристовска, обвинтелката на СЈО, најавува дека ќе ме тужи за клевета по мојата изјава дека незаконски, како и другите обвинители од СЈО, зела 100.000 евра потпишани од Катица Јанева. Како и дека нема стаж од десет години ви правосудството. Тоа лошо ѝ влијаело на кандидатурата за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. ОК, ете прилика да се реафирмира целото работење на СЈО, преку нејзиниот случај и нејзината тужба. Ленче Ристовска, со Фатиме Фетаи и Катица Јанева кариера и пари направија со клеветење неосудени луѓе – вели тој.

Парите кои незаконски ги земале, според Латас, се утврдени со ревизија, со заклучок на Антикорупциска и за тоа има кривична пријава од Вишото обвинителство оценета како основана и се држи во фиока од нејзините колеги од СЈО кои сега го водат скопското обвинителство.

– Да се реафирмира соработката на СЈО во кое таа беше во врвот, дел од „трите грации“, со Љупчо Палевски Палчо, кој ги имаше нивните телефонски разговори и уценуваше луѓе. Има моја кривична пријава за тоа во СЈО која „трите грации“ не ја процесуираа. Да се реафирмира информацијата за тоа дали и како Ленче Ристовска била дел од ВМРО заедно со Димче Апасиев, зошто и по која цена потоа и двајцата се ставија во служба на прогон токму на ВМРО – напиша Латас.

Поврзани содржини