ЛАТАС ЕВОЦИРАШЕ РАНИ СЕКСУАЛНИ СПОМЕНИ, СИ ЈА ЗЕДЕ БЕЉАТА Го обвинија дека силувал на 14 години, тој прашува каде видовте силување?

Во интервјуто Латас раскажува како изгубил невиност на 14-години откако некој негов повозрасен другар му дозволил да има однос со неговата девојка во „фиќо“, откако тој претходно „завршил работа“. „Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал“, појасни Латас.

13,515

Невладини организации, јавни личности и корисници на социјалните мрежи побараа државни органи да реагираат во врска со изјавите на новинарот и водител Драган Павловиќ – Латас дадени во поткаст за јутјуберот Стефан Лазаров, за кој тие сметаат дека содржи промоција на насилство врз жените, како и признание од Латас дека на 14-годишна возраст извршил силување на девојка.

Во интервјуто Латас раскажува како изгубил невиност на 14-години откако некој негов повозрасен другар му дозволил да има однос со неговата девојка во фиќо, откако тој претходно „завршил работа“. Претходно Латас раскажа дека тој негов пријател бил насилен кон девојките.






Оваа исповест на Латас ги вознемири корисниците на социјалните мрежи, особено активистите за права на жените и борба против семејното насилство, кои во неговите зборови гледаат промоција на насилство и признание за сексуален однос без согласност. Меѓудругите и Хелсиншкиот комитет за човекови права побара јавноста да реагира со осуда на изјавите на Латас во интервјуто на јутјуб-каналот на Стефан Лазаров.

На овие реакции се огласи Латас со објаснување дека не станува збор за силување и промоција на насилство, туку за обид за негова стигматизација.

– Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава, а замисли се уште не е под ваша контрола – вели Павловиќ.

Тој додава дека тоа може да се види од самото видео, кое го има на мрежата Јутјуб.

Се огласи и водителот Стефан Лазаров, кој повика да се погледне подкастот во кој Латас во ниту еден момент не вели дека некоја девојка била силувана.

– Жално е што се крева лажна хајка и се оцрнува моето име, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за никакво силување. Никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент некој да биде уништен, и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш – напиша Лазаров на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини