ЛАТАС ЌЕ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ЗА ЗАКАНИТЕ ОД КОСТАДИНОВ Новинарот се огласи на Фејсбук

Тоа во неговиот пост е неспорно, и секако дека ќе поднесам кривична пријава за наведеното. Небитно дали бил нашмркан кога пишувал, или не, стореното е сторено. И нема да заврши тука, на неговиот пост, најави новинарот Драган Павловиќ Латас на својот Фејсбук профил.

3,152

Новинарот Драган Павловиќ Латас одговори на смртните закани од градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Латас најави и кривична пријава и додава оти не е битно дали Костадинов „бил нашмркан кога го пишувал тоа“.

„Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело“, пишува Латас.






Поврзани содржини