Ласовска: Дали оваа власт планира да направи скрининг на сите наставници?
Има голем број отворени прашања, нејасни прашања за коишто Владата не дава одговори, а денес, како што и сами гледате на седницата се доставени предлог-законите за основно и средно образование - истакна пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја споделува загриженоста со целокупната јавност, затоа што денес, како што и самите знаете, предлог-законите за основно и средно образование ги имаме на дневен ред по скратена постапка, рече пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
– Гласавме на пленарната седница за донесување на потребата од овие закони од причини што навистина веќе е крајно време училиштата да почнат со работа, но еве накратко да ги споменам забелешките од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои што детално ќе ги образложиме на Комисијата за образование и наука и на пленарната седница. Планот за одржување на наставата во основните и средни училишта во учебната 2020/2021 година во кој е предвидено далечинско учење е донесен пред донесувањето на законите што е крајно несфатливо и несериозно. Училиштата во голем број средини се без интернет и компјутери. За таа цел треба да се зголемат средствата за образование во општините. Дали се зголемени? Личниот и образовен асистент би требало да ги посетуваат физички, учениците со посебни потреби барем еднаш неделно за да се одржи континуитет и социјализација на учениците. За нив не се предвидени средства, ги плаќа UNDP, скромно. Како ќе ги обезбедат потребните средства? Зошто нема изработено скратена програма од Бирото за развој на образование и доставена до училиштата иако учебната година е скратена за еден месец. До каде е платформата која што од наши сознанија на прави ФИНКИ, како е платена или ќе се плати? Колку време ќе им треба на наставниците и децата да се обучат? Како наставниците ќе ги обучуваат децата за заштита од ковид-19, кога за тоа не се обучени ни тие самите? – рече Ласовска.
И, можеби едно од најглавните прашања, додаде таа, е дали оваа власт планира да направи скрининг на сите наставници, како што не направи на воспитувачите и негувателките, а ги отвори градинките.
– Значи, има голем број отворени прашања, нејасни прашања за коишто Владата не дава одговори, а денес, како што и сами гледате на седницата се доставени предлог-законите за основно и средно образование – истакна Ласовска.