ЛАСКОВА ДЕМАНТИРА ДЕКА БАРАЛА ПАРИ Пејачката побара од организаторот да ги врати средствата на министерството

Не ме изненадува реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ исполнета со навреди, омаловажување и невистини упатени кон мене. Не им е прв пат, напиша Ласкова.

944

По информацијата дека ќе добие 300.000 денари од Министерство за култура за да организира концерт и по бурните реакции денес, вечерва преку својот Фејсбук профил се обрати и Цветанка Ласкова.

– Не ме изненадува реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ исполнета со навреди, омаловажување и невистини упатени кон мене. Не им е прв пат. Чувствувам обврска кон јавноста да објаснам дека јас, Цветанка Ласкова, не конкурирав за одбележување на 50 години од мојата музичка кариера .Тоа беше идеја на продукциското студио „City Sound DOOEL- Skopje“, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5 деценискиот развој на македонската фолк и поп музика. Овој проект го прифатив со чест и задоволство, но и покрај одличната идеја, заради својот мир, инсистирам организаторот на проектот, да ги врати одобрените средства во Министерството за култура – напиша Ласкова.






Поврзани содржини