Лашковска рече дека нема да гласа за „оној човек“, Џафери ѝ возврати дека тој си има свое име и презиме

Како ќе ви биде ако јас ве нарекувам „онаа пратеничка“, наместо да го кажам вашето име? - рече Џафери.

2,219

Пазарењата завршија, а за мене предлогот за претседател на Собранието не е изненадување, затоа што сметам дека калкулациите што Талат Џафери ги правеше со одложувањето на седницата беше токму за да дојде лично тој како предлог на дневен ред, истакна пратеничката Ана Лашковска од собраниската говорница.

– Сето тоа што се случуваше е само потврда дека во наредниот период ќе продолжи уништувањето на Република Македонија, бидејќи во претходните 3 години видовме дека коалицијата СДСМ-ДУИ не е коалиција за напредок на земјата, туку е коалиција за поддршка на криминалот и корупцијата. Денеска таа коалиција предлага претседател на Собранието и јасно е дека оваа коалиција го прави тоа само за да продолжат матните тендери и богатењето. Следува продлабочување на поделбите во Македонија и ќе се зголемат проблемите и сиромаштијата. Европа ни заминува, затоа што со криминал и со корупција нема европска иднина. СДСМ и ДУИ денеска избираат претседател на Собранието, а ниту еден нивни пратеник не се јави за збор. И тука се поставува прашањето дали кај овие луѓе проработило чувството за срам? Денеска тие немаат ниту еден пофален збор да кажат за оној човек – рече Лашковска.






Овој парламентарен состав, додаде таа, ќе има многу краток рок на траење.

– Со ова мнозинство најмногу потпомогнато од Џафери сигурно ќе прави нови прекршувања на Деловникот. Јас нема да го гласам за оној човек да биде претседател затоа што тој го срамни со земја Собранието на Република Македонија. Нема да го гласам поради тоа што сум сигурно дека истото ќе се случува и во иднина – рече Лашковска.

На ова, Џафери ѝ потенцираше дека самиот тој има име и презиме и дека нема потреба да го нарекува „оној човек“.

– Како ќе ви биде ако јас ве нарекувам „онаа пратеничка“, наместо да го кажам вашето име? – рече Џафери.

Поврзани содржини