Лашкоска: Не чека фијаско, ги дискриминирате децата што немаат компјутери

659

Пратениците од опозицијата на денешната собраниска седница реагираа поради неподготвеноста на власта за почеток на учебната година и обвинија дека парламентарното мнозинство нема слух за барањата и интересите на децата, на родителите, ниту на вработените.  

Пратениците дебатираат за измени на Законот за основно обрзование кои се однесуваат за почетокот на учебната година на први октомври.






– Убедена сум дека почетокот на училишната година ќе биде вистинско фијаско. Има многу нејаснотии кај учениците, наставниците, ниту знаат како и кога ќе стартува учебната година. Немало ни обуки за наставниците како да работат во услови на пандемија. Не се знае како прецизно ќе се одвива онлајн наставата. Учебната година се уште не почната е осудена на пропаст – рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска. 

Таа потсети дека децата чии родителите немаат можност да купат комјутери ќе мора да следат настава со физичко присуство.

– Ова е дискриминација за оние кои немаат можности да следат онлајн настава, зошто овие деца немаат право на избор, како власта може да прави ваква дискриминација – рече Лашкоска.

Поврзани содржини