Гувернерот на Невада наредил привремено да се затворат сите казина во државата што значи дека сите 440 лиценцирани казина во Лас Вегас нема да работат.
Поради ова иднината на бизнисот е во прашање па Бил Милер, претседател на Американската заедница на игри на среќа, ја замолил владата за помош.
– Невада е епицентар на нашата индустрија. Владата мора брзо да дејствува за да им олесни на соседите и пријателите во Невада, но и во целата САД каде вакви тешки но потребни мерки се донесени – вели тој.
Коронавирусот се прошири низ целиот свет, па така во САД 4.226 лица се заразени од новиот вирус, а 75 се починати.