Познатиот американски водител Лари Кинг (86) се обрати пред јавноста откако ја доживеал големата семејна трагедија, кога во период од само три недели ги загубил ќерката и синот.
Тој се огласил на Фејсбук, каде им се заблагодари на сите за зборовите на поддршка и ги замолил за приватност и разбирање.
„Со тага и скршено срце на татко ја потврдувам неодамнешната загуба на моите деца, Енди Кинг и Чаја Кинг. Двајцата беа добри и љубезни души и ќе ми недостигаат бескрајно.
Енди починал ненадејно од срцев удар на 28 јули, а Чаја починала на 20 август, набргу по дијагностицирањето карцином на белите дробови.
Моето семејство и јас сме благодарни за вашите добри желби и зборови на утеха и поддршка. Во овој момент ни треба малку време и приватност за да закрепнеме. Ви благодарам што го почитувате тоа“, напиша еден од најпознатите американски водители на Фејсбук.
Чаја имала 52 години кога починала, а Енди 64. Лери го посвоил Енди во 1962 година по венчавката со мајка му Алин Акинс, со која ја добил Чаја. Покрај Енди и Чаја, Кинг ги има и синовите Лери Јуниор (58), Ченс (21) и Канон (20).